Нови 97 жртви на коронавирусот во Белгија

Во Белгија во текот на изминатото деноноќие 97 пациенти починале како последици од инфекција со новиот тип коронавирус, со што се забележани вкупно 8.016 смртни исходи од болеста Covid-19, соопшти во вторникот Кризниот центар при беглиското министерство за здравство.

Ден претходно здравствените власти информираа за 361 нов сличај на инфекција со коронавирусот и 80 смртни исходи. Белгија, инаку, ја има највисоката стапка на смртност во оваа пандемија од 16 отсто.

Белгиската влада претходно соопшти дека земјата го минала пикот на смртноста од новиот вирус на 12-ти април, како и дека се забележува тенденција на намалување на „тешките“ пациенти и вкупниот број хоспитализации.

Белгиските власти во вторникот известија и за 242 нови случаи на зараза со коронавирусот, од кои 84 пациенти се хоспитализирани. Вкупниот број потврдени случаи на Covid-19 од почетокот на епидемијата до денеска изнесува 50.509.

Во белгиските болници остануваат и натаму уште три илјади заразени со коронавирусот, од кои 646 пациенти се згрижени на одделите за интензивна нега.

Во понеделникот Балгија ја започна втората фаза за попуштање на мерките за изолација. Според новите правила, продолжуваат со работа компаниите чии активности не подразбираат директен контакт со клиентите. Медиумите проценуваат дека во вакви фирми работат околу 700.000 луѓе. Рестораните, кафулињата, баровите и ноќните клубови повторно ќе ги отвораат своите врати постпано во неколку фази, почнувајќи од 8-ми јуни.