Нови аудио снимки од масакрот во Батаклан: Како се заканувале терористите?

Истражните органи испратија до француските правни органи аудио реконструкција за настаните од концертната сала Батаклан во Париз, каде во ноември минатата година беше извршен еден од координираните терористички напади.

Сами Амимур, Фуад Мухамед Исмаил и Омар Мостефаи Агад се терористите кои го извршија нападот во Батаклан на 31-ти ноември во Батаклан. Тројцата терористи ладнокрвно убија десетици лица. Пет месеци по масакрот, истражните органи од Криминалната Бригада на правните органи во Франција им предадоа аудио реконструкција на вечерта во концертната сала. Овие снимки, до кои дошол весникот Ле Паризиен, биле изработени од радио пораките помеѓу полицијата и од снимките на еден диктафон најден во салата.

На снимката од диктафонот се слушаат заканите од терористите:

Ние сме луѓе. Ќе ве бомбардираме на земја. Нам не ни требаат авиони. Овде, вие го избравте вашиот претседател Оланд. Ова е негова кампања. Заблагодарете му се. Дојде мигот за одмазда…

Додека се слушаат и егзекуциите, исто така може да се слушнат и заканите:

Стани или ќе те убијам, Лежи или ќе пукам, или Кој ќе проба да се прави храбар, ќе го убијам!

Исто така на снимката терористите тврдат дека се членови на Исламска Држава.

Знаете кои се Даеш? Тоа е Исламска Држава. Тие се насекаде, во Франција, во САД. Ќе удриме насекаде.