Нови автобуси и нови линии за јавниот градски превоз во Прилеп

Прилеп доби нови автобуси и нови автобуски линии, како низ градот, така и низ населените места во близина на Прилеп. Ова е еден од покапиталните проекти кои ги спроведе и реализираше оваа локална самоуправа. Проектот се реализираше по долгогодишно барање и реална потреба на граѓаните, информираа во петокот од општината Прилеп.

 

avtobusi prilep 02

Јавниот градски превоз како одделение при Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, започна да функционира од април 2014 година со три линии низ градот Прилеп и тоа:

Линија 1:ХотелСалида-НовиГробишта со почеток во 06:30 до 13:30 на секои 30 минути и ХотелСалида-Трло(Варош) после 14:00 часот до 20:30часот;

 

Линија 1А: НовиГробишта– ХотелСалида со почеток во 06:30 до 20:30 на секои 30 минути и Трло(Варош)– ХотелСалида после 14:30 до 20:30часот;

 

Линија 2: Рид(Ридтекс) –Економски факултет со почеток во 06:30 до 20:30 на секои 30 минути;

 

Линија 2А: Економски факултет – Рид(Ридтекс) со почеток во 06:30 до 20:30 на секои 30 минути;

 

Линија 3: АМСМ-Ресторан Амфора со почеток во 06:30 од АМСМ на секои 60 минути до 20:30 часот.

avtobusi prilep 03

Превозот на патници на трите линии се врши со пет нископодни автобуси. Наплатата се врши во самите автобуси со монети или со електронски картички кои можат да се купат во наплатниот центар.

Цената на едно возење со монети е 20 денари, додека со електронските картички цената на едно возење е во зависност од бројот на возења, во просек 15 денари за едно возење. Со што Прилеп има најефтин градски превоз во Македонија.

 

Студентите кои студираат на факултетите во Прилеп имаат бенефиции за бесплатен јавен градски превоз. За учениците и другите студентите пак има повластени цени за електронски картички каде едно возење изнесува 7 денари. Лицата со инвалидитет се ослободени од плаќање. Со ова Прилеп само уште еднаш потврдува дека има најефтин превоз за сите категории на граѓани.

 

Јавниот градски превоз е капитален проект кој се воведе за прв пат во историјата од постоењето на Прилеп во 2014 година. Ова е еден од покапиталните проекти кои ги спроведе и реализираше оваа локална самоуправа. Проектот се реализираше по долгогодишно барање и реална потреба на граѓаните. Јавниот градски превоз за овие 3 години од неговото постоење се покажа како голем бенефит за сите жители на Општина Прилеп. Во голем дел градскиот превоз е субвенциониран од буџетот на локалната самоуправа.

 

avtobusi prilep 05

Во 2014 и 2015 година во просек се превезени од 800 до 1.000 патници дневно, или годишно од 250.000 до 300.000 патници. Во 2016 овој просек  изнесува од 1.300 до 1.500 патници дневно, или годишно од 400.000 до 450.000 патници.

Покрај превозот на патници, јавниот градски превоз врши и превоз на ученици со дополнителни четири автобуси.

 

 

Наредношто се планира околу јавниот градски превоз е следното:

 

Набавка на нови нископодни автобуси, со што ќе се овозможи поефикасен, поудобен и поквалитетен градски превоз.

Пуштање во функција на повеќе нови линии кои ќе ги опфатат деловите во градот кои не се опфатени со постоечките линии.Како на пример линија за населбата Тризла каде живее ромското население, линија за населбите над ООУ „Гоце Делчев“,населбата која се наоѓа наспроти компанијата Жито Прилеп, како и линија кон Типската населба.

По набавувањето на новите автобуси се планира воведување на градски превоз и до населените места по фази :

Во првата фаза ќе бидат опфатени приградските населени места : Селце, Мажучиште, Мало и Големо Коњари, Кадино село, Галичани, Беровци, Алинци, Старо и Ново Лагово, Загорани и Веселчани.

Во втората фаза ќе биде опфатен Тополчанскиот регион : Чепигово, Тројкрсти, Тополчани, Клепач, Ерековци, Канатларци и Подмол.

Во третата фаза ќе бидат воведени редовни линии во пазарните денови за Витолиште и Големо Радобил.

Планирано е да се набават електрични мини буси за централното градско подрачје кои би се користеле и за превоз на туристи до манастирите и локалитетите околу Прилеп.

Поставување на автобуски постојки на автобуските стојалишта каде што нема поставено.

Осовременување на автобуските постојки со информативни табли за следење на автобусите вореално време и дојава за пристигнување на самата постојка.

Електронско следење на автобусите и електронско вадење на карти преку мобилен телефон и интернет.

Како и изградба на сопственаавтобаза, терминал,во чиј состав би функционирале: сервисен центар, сервис за одржување на хигиената на возилата, сопствена пумпа за гориво и паркинг просторза автобусите (отворен и затворен дел). Таа автобаза ќе биде сместена кај Сточниот пазар.

avtobusi prilep 06

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.