Нови бегалци на грчките острови

Во последните четири дена на грчките острови пристигнале вкупно 273 мигранти и бегалци. На Самос дошле 158, на Лезбос 111, а на островот Хиос четворица мигранти.

Според грчката полиција, бројот на лица кои бараат азил и се заглавени на островите во Егејското Море денеска достигна 11.372 мигранти, односно 5.324 на Лезбос, 4.126 на Хиос и 1.922 на Самос.