Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 10.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,784%, кај дизелот за 0,639%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,211%  и кај мазутот има зголемување за 1,245%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164%

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг.

Од 19.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95   85,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 98   87,00   (денари/литар)

Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    74,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    72,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС  41,409 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.