Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, за еден денар се намалуваат цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, додека за половина денар поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,281 ден/кг и сега ќе изнесува 41,517 ден/кг.

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,517 (денари/килограм)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.