Нови четворица починати и 52 заразени од коронавирусот во Македонија

Во последното деноноќие во Македонија за потврдени четири починати пациенти заболени со Covid-19, а бројот новозаразени со коронавирусот изнесува 52 пациенти, соопшто во петокот Министерството за здравство.

Севкупно со последните податоци, од почетокот на епидемијата во земјата заразени се 2.130 лица, од кои починале 126 пациенти, а излекувани се 1.516 луѓе. Активно се 488 случаи според Министерството за здравство.

Двајца починати во последните 24 часа се од Скопје, еден е од Тетово и една жртва е од Велес. Двајца од заболените се во рамките на скринингот на градинките.

Најголем број од новооткриените случаи повторно се во Скопје – 26, а поголем дел од нив се од општините Гази Баба, Чаир, Сарај и Студеничани.

Во Тетово се откриени 9 нови случаи, 6 во Куманово, седуммина новозаболени има во Штип , двајца во Струга и по еден во Велес и Кочани.

Во последните 24 часа, направени се 661 тест а 124 се во рамките на скринингот. Тоа значи дека од 537 тестови според алгоритамот има 50 заболени или нешто под 10 отсто.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани  30 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.