Нови детали за несреќата во која загина Сала, пилот знаел за проблемите со авионот

Пилотот Дејвид Иботсон, кој управуваше со авионот при несреќата во која во 2019 година, покрај него, загина и аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, уште пред полетувањето бил свесен за проблемите со леталото, јави денеска Би-Би-Си.

Сала загина на пат од Нант кон Кардиф откако двата клуба претходно се договорија за трансфер на 28-годишниот аргентински фудбалер.

Новите детали за авионската несреќа се поврзани со аудио снимка на која може да се слушне како пилотот Иботсон во разговор со пријатели наведува дека леталото е „опасно“ и оти ќе носи „појас за спасување“ на летот од Франција до Велс.

Малиот приватен авион се урна во Ла Манш на 19 јануари 2019 година.

Подоцна беше утврдено дека 59-годишниот Иботсон не поседувал дозвола за комерцијални и ноќни летови. Неговото тело сè уште не е пронајдено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.