Нови детали за саботажата на Северен тек објавуваат западните медиуми

Дански брод, шведски авион и патролен брод изведувале невообичаени маневри во близина на гасоводите Северен тек во Балтичкото Море четири дена пред експлозиите, пишува во петокот весникот Times повикувајќи се на истражител од Данска и податоци од платформите за следење на пловидбата.

Според сознанијата на весникот, данскиот брод „ P524 Nymfen“, чијашто задача била да го следи движењето на руските пловила во данските територијални води, на крајот од септември неочекувано отстапил од вообичаениот курс. Првпат по неколку години овој брод, како што пишува Times, го заобиколил островот Борнхолм и се упатил кон североисток по што застанал на половина час и ги исклучил транспордерите на неколку часа исчезнувајќи од меѓународните системи за следење на пловидбата. Неколку минути подоцна во близина на таа позиција почнал да кружи набљудувачки авион на шведските воздухопловни сили, а бил забележан и шведски патролен брод.

„Всушност, се чини дека овој дански брод за набљудување кружел околу местото на експлозијата со причина“, коментирал за весникот поранешниот дански разузнавач Јакоб Каарсбо.

Истовремено не била регистрирана невообичаена активност од страна на руските бродови, се додава во написот..

Извор близок на истрагата за експлозиите на гасоводите во Германија потврдил дека истражителите не се поблиску до решавање на случајот.

„Искрено, ние не знаеме кој тоа го извршил“, рекол соговорникот без да ги споменува претходните написи на германските и американските медиуми во коишто се наведуваше дека извесна група „проукраински“ активисти „без поврзаност“ со Киев изнајмиле јахта и се одговорни за експлозиите на четирите цевководи во Балтикот.

Истовремено во петокот во кинескиот весник на англиски јазик China Daily, американскиот новинар Сејмур Херш, кој на почетокот од февруари годинава прв објави дека зад експлозиите на гасоводите Северен тек стои администрацијата на САД, оценува дека оваа саботажа доведе до криза во Европа и оти американскиот претседател Џо Бајден поради тоа ќе се соочи со сериозни критики поради сопствената вмешаност.

„Резултатот (од саботажата) е што беше запрен главниот извор на енергенс кој минуваше низ Западна Европа. И што Европа сега се соочува со криза. И во перспектива, овие лето и есен ќе бидат многу сложени за Бајден. Тој ќе се соочи со огромна критика за она што го стори. Без сомнение“, вели Херш.

Наградуваниот со престижна Пулицерова награда новинар натаму признава дека воопшто не бил изненаден од „глупавоста“ на американската администрација кога дознал за вмешаноста на Вашингтон во саботажата врз гасоводите.

„Јас сум новинар. Се занимавам со такви теми 50 години. Дали сум изненаден од глупавите работи што ги прави мојата влада? Треба да се присетите дека јас бев единствениот кој пишуваше за масакрот во Мои-Лаи во Виетнам. Премногу сум свикнат на обврските на мојата влада. Таа прави глупави работи, можеби, и толку често колку што прави и паметни“, вели Херш одговарајќи дали бил изненаден од вмешаноста на САД во експлозиите.

 

Кон крајот на септември минатата 2022 година и двата руски извозни гасоводи под Балтичкото Море – Северен тек 1 и Северен тек 2, беа ставен вон функција по саботажа. Шведска, Данска и Германија спроведуваат истраги, но сѐ уште не дошле до конкретни резултати, а прелиминарните не ги соопштуваат објаснувајќи го со интерес од националната безбедност.

Од Москва повеќепати наведоа дека сѐ уште со сигурност не знаат кој стои зад нападот, бидејќи на Русија не ѝ беше дозволено ниту учество во истрагата, ниту спроведување на самостојна истрага иако неодамна повика на формирање во рамките на ОН на меѓународна независна и транспарента истрага за терористички напад врз стратешка меѓународна инфраструктура.

До почетокот на март годинава ниеден западен влијателен медиуми ниту западните политичари не го коментираа написот на американскиот наградуван американски новинар Сејмур Херш кој точно пред еден месец објави напис во кој прецизно наведува дати, личности, локации и опрема, и тврди дека зад експлозиите на четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и 2 стои администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Според Херш, по деветмесечно планирање американските служби ги искористиле поморските вежби „Baltops“ на НАТО во јуни 2022-ра во Балтичкото Море да ги постават експлозивните направи кои три месеца подоцна ги активирала воената морнарица на Норвешка.

Меѓутоа, пред две седмици западните челници започнаа со коментари од написите на американскoт весник The New York Times и на германски Zeit од вторникот дека во експлозијата наводно учествувале „проукраинска групација“ којашто наводно ја сочинувале Украинци и Руси и којашто „не е поврзана“ со украинскиот претседател Володомир Зеленски а била „против рускиот претседател Владимир Путин“. Потоа минатата среда на темата се надоврзаа и британски Times и германската телевизија Ntv со наводните исти сознанија со кои вината за терористичкиот напад врз критичната инфраструктура се префрла на неидентификувана „украинска компанија“ и индиректно врз Полска каде што наводно било седиштето и бил изнајмен бродот со кој била спроведена акцијата. Times, пак, објави дека разузнавачите на западните земји го знаат идентитетот на наводниот украински спонзор на саботажа на гасоводите.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно ја нарече целосна глупост верзијата за вмешаност на украински активисти во експлозијата на Северен поток, и истакна дека само специјалисти поддржани од државата со одредени напредни и ретки технологии можат да изведат експлозија од ваков вид.