Нови дневни рекорди на заразени со Covid-19 во Грција и Франција, висока бројка и во Шпанија

1279

Грција во средата ја пријави најголемата дневна бројка на заразени со коронавирусот од почетокот на појавата на вирусот во оваа земја, а истовремено Франција забележа нов дневен рекорд по карантинот.

Грчките здравствени власти пријавија 262 нови случаи на Covid-19. Со тоа бројот на заразените во Грција од крајот на февруари, кога беше потврден првиот случај на коронаинфекција, изнесува 6.177 лица. Во овој период од болеста починале 216 луѓе.

Повторно најголеми жаришта на заразата се двата најголеми града во земјата, Солун со 85 нови случаи и Атина со 66 новозаразени.

Зголемувањето на бројот на заразените последните седмици ги поттикна грчките власти постепено да воведуваат ограничувања во екот на туристичката сезона. Од 17-ти август туристите кои доаѓаат од Шведска, Белгија, Шпанија, Холандија и Чешка ќе треба да докажат дека се негатовни на вирусот SARS-CoV-2 за да можат да влезат во Грицја. Тестот не смее да биде постар од 72 часа.

Истите услови важат и за туристите кои велгуваат во Грција преку копнените премиени. Негативен тест од порано е потребен за патниците кои доаѓаат со авиои од Бугарија, Романија, Обединетите Арапски Емирати и Малта. Од средата, пак, продолжена е забраната за летови и од Турција до 31-ви август а дозволени се летови од Македонија и Албанија само кон Атина.

 

Француското министерство за здравство во средата пријави 2.524 новозаразени со коронавирусот во последните 24 ласа, што е нов дневен рекорд по укинувањето на карантинот. Вкупниот број на заразените во земјата изнесува 206.696 луѓе.

Седумдневниот просек се зголеми на 1.810 лица, најмногу од 24-ти април, кога епидемијата беше на врвот, а земјата беше во строг карантин. Седмичниот просек, кој во април изнесуваше 4.537 новозаразени на дневно ниво, сега е поголем од илјада веќе две последователни две седмици, а стапката на заразата расте, според властите, затоа што милиони луѓе патуваат на одмор и не ја почитуваат физичката дистанца.

Портпаролот на Француската влада рече во средата дела властите постепено ќе ги зголемат полициските контроли за да се осигури дека луѓето носат маски кога тоа е задолжително и ја почитуваат дистанцата. „Се наоѓаме на пресвртна точка…. Ќе ги мобилизираме полициските сили поради контрола“, изјави портпаролот Габриел Атал.

Бројот на починатите во средата се зголемил за уште 18 лица, на вкупно 30.371 смртен исход од Covid-19, во однос на 14-те во вторникот, а седимнедневниот просек изнесува 9 починати.

 

Бројот на новозаразените од коронавирусот во Шпанија во средата се зголеми за речиси 1.700 нови случаи, а овие податоци не го вклучуваат главниот град Мадрид, кој поради технички проблеми не доставил информации.

Од укинувањето на строгите рестриктивни мерки пред шест седмици, Шпанија настојува да го сузбие ширењето на коронавирусот. Иако во јуни просечниот дневен број на заразени беше помал од 150, во првите 12 дена од август секојдневно се регистрираат по околу 1.500 нови случаи на коронаинфекции.

Поради ваквата состојба, шпанската војска забрзано гради нова полска болница во Сарагоса, главниот град на покраината Арагонија, региони кој во моментов е жариштето на коронавирусот во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.