Нови докази за убиството на Јелена

Под сомнение дека имаат врска со убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ полицијата моментално вештачи неколку предмети и примероци пронајдени во околината на убиството, како и работите одземени при претресот во одредени објекти во самата Црвенка.

Додека се чекаат резултатите од „поклопувањето“ инспекторите и денескаиспитуваа жители од населбата покрај реката. Официјално нема ништо ново за смртта на пејачката, а неофицијално може да се слушне за трага која треба да се потврди, пишуваат српските медиуми.

Инспекторите изминативе денови се интересираа кај мештаните дали претходната сабота забележале човек кој кај насипот носел стап. Таков наводно видел сопругот на Јелена тоа попладне.

Јелена е убиена со 30-тина удари со тап предмет, кој освен чекан, може да биде и стап.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.