Нови домашни 5:2 за Барселона, Суарез се врати со голови

Антоан Гризман и Ансу Фати

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона во дербито од четвртото коло на својот „Камп Ноу“ убедливо ја надигра Валенсија со 5:2, а со истиот резултат во второто коло на истиот терен беше совладан и Бетис.

По слабите гостувања, пораз во првото коло кај Атлетик Билбао (0:1) и ремито во третото кај Осасуна (2:2), Барселона дуелот со Валенсија повторно го започна без Лионел Меси, Иван Ракитиќ и Луис Суарез, но веќе по седум минути водеше со 2:0, со головите на Фати и Де Јонг. Валенција намали преку Гамеиро во 27 минута, но во второто продолжение Пике во 51 и Суарез, кој само што влезе во игра во 61 минута постигна фантастичен погодок а потоа и во 82 минута, го решија прашањето на победникот, додека Макси Гомез намали во втората минута од судиското продолжение. Покрај Суарез во вториот дел шанса доби и Ракитиќ.

Барселона сега е четврта на табелата со седум бодови, додека Валенсија иако според играчкиот кадар со кој располага би требало да се бори за врвот, моментално е 14-та со четири бодови.

Водечкиот Атлетико Мадрид ги загуби првите бодови сезонава, беше поразен на гостувањето во Сан Себастијан од Реал Сосиедад со чисти 0:2. Домашните го решија мечот во само три минути, преку Одегаард во 58 и Монреал во 61 минута.

Атлетико остана на девет бодови, еден повеќе од Реал Мадрид и Атлетик Билбао, додека Реал Сосиедад е 6-ти со седум бодови.

Реал Мадрид на својот „Сантијаго Бернабеу“ имаше убедливо водство од 3:0 по првото полувреме, а двоен стрелц во 25 и 31 минута беше Карим Бензема, а Каземиро погоди во 40 минута. Но во продолжението гостите со головите на Борха Мајорал во 49 и Мелер во 75 година дојдоа на чекор од изненадување, имаа и две шански во судиското продолжение но не успеаја да израмнат.

Во петокот Мајорка и Атлетик одиграа без голови. Мајорка е 15-та со четири бодови.

Во недела играат Еибар – Еспањол, Алавес – Севилја, Селта – Гранада, Вајадолид – Осасуна и Бетис – Хетафе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.