Нови факти за случајот ‘Рекет’ најавува новинарот Гајсер

Соработникот на Ла Верита, Ларис Гајсер, на својот фејсбиук профил во понеделникот објави дека утре за Македонија во живо преку радио ќе соопштува нови детали.

Гајсер пишува дека во 11 часот на Радио Каподистрија (Радио Копар) ќе емитува факти директно во живо од студиото .

Македонија: Утре 13-ти август, во 11 часот , на Радио Каподистрија! Внатре во фактите. Ќе се вклучам во живо од студио“, пишува Гајсер.

Во текот на изминатата седмица Гајсер ја шокираше македонската, но и европската јавност, објавувајќи видео и аудио снимки од кои се гледа како Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 и  Зоран Милевски – Кичеец го рекетираат бизнисменот Орце Камчев, ветувајќи му запирање на истрагата во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за што треба да плати повеќе милиони евра.

На една од снимктие се слуша и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која му дава гаранциите на Камчев дека ќе му биде вратен пасошот и за нејзиното влијание врз на неа подредената обвинителка во случајот Лиле Стефанова. Јанева се брани дека наводно со Камчев контактирале во обид да го привлече како сведок во други слуачи.

Во снимката емитувана од саботата беше споменато и името на премиерот Зоран Заев, за кого Боки 13 тврди дека е „запознаен со случајот“ на Камчев.