Нови ковид проблеми на ЕП – “настрадаa” Франција, Данска и Шпанија

Нови проблеми и ковид-позитивни тестови на ракометното Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Откако во претходните денови селекциите на Германија и Исланд останаа без речиси првиот тим, па мораат со крпени состави да го доиграат шампионатот, денешните тестирање донесоа позитивни резултати во редовите на гигантите Франција и Данска.

Светскиот шампион ќе мора во следниот период да настапи без услугите на искусното Ханс Линдберг, додека освојувачот на олимпиското злато во Токио во изолација го прати селектрот Гијом Жил.

Со проблеми се соочува и европскиот шампион Шпанија , која остана без Жоан Кањелас и Јан Тарафета, па Рибера мораше експресно да реагира и го повика искусниот Даниел Сармиенто.