Нови „Луј Витон“ Зиг-Заг патики

Француската модна куќа „Луј Витон“ продолжува да ги поместува границите на луксузот, а најново во тој поглед се „скромните“ zig zag/цик-цак патики.

Гломазните патики повторно се во мода, па француската компанија посака парче и од овој колач.

Зиг-Заг патиките својата слава ја стекнаа кон крајот на минатиот век и беа инспирирани од скејтерите. Новиот „Луј Витон“ модел има гломазен горен дел и цик-цак детали сместени на средишните и страничните делови.

Цената за еден чифт е 1.175 долари, а овие патики се достапни во сини, бели и портокалови нијанси.