Нови масовни журки во струмичкиот ноќен клуб „Аватар“, сега пререгистриран во кафуле

Струмичкиот клуб „Аватар“, кој во јули беше затворен поради непочитување на меркита за заштита од корона вирусот и организираше масовни журки, повторно работи, но овојпат како кафуле.

Во петокото и во саботата во клубот повторно имало масовни забави, а на снимки што готи во локалот ги испратиле до „а1он“ се гледа како голем број млади се забавуваат и играат, иако протоколот за работа на кафулињата дозволува само седење.

За повторната работа на објектот, потврдува и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, кој за „а1он“ потврдува дека клубот бил затворен еден месец, но во меѓувреме се пререгистирал во кафуле.

Пауновски вели дека дискотеките не може да работат, но кафулињата може со почитување на протоколите. Тој тврди дека „Аватар“ ги има сите потребни дозволи и дека инспекторите постојано вршеле контроли, а така било и во петокот кога имало нивно присуство во објектот во текот на целото работно време.

Сепак, Пауновски не ја исклучува да имало забава во сабота, кога немало инспекција и истовремено најавува дека доколку се утврди дека објавените снимки се од сабота, објектот повторно ќе биде затворен.

По првичното затворање од „Аватар“ објаснуваа дека работеле како кафуле на отворено, а не како дискотека.

Видеото од забавата може да го погледнете на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.