Нови можности за македонските текстилни компании

Oсум компании од текстилната индустрија од Македонија на деловна (Б2Б) средба со фирми од Северна Европа ќе ги презентираат своите производи и услуги денеска во Копенхаген, Данска,

Утре македонските фирми ќе имаат можност да го посетат Меѓународниот саем за мода во Копенхаген кој е најголем саем од овој вид во Северна Европа, и се одржува помеѓу трети јануари и втори февруари, 2014. Саемот е на површина од 40,000м2 на кој безброј брендови ги изложуваат своите производи под еден кров.

Компаниите кои ќе се претстават се: Албатрос, Еуросолид, Виеми, Алекс, Верамонд, Алзама, Линеа и АСМ. На средбата, европските увозници ќе имаат одлична можност да се запознаат и воспостават деловни партнерства со македонските текстилни компании.

Целта на ова деловна средба е презентација на македонските фирми пред европскиот пазар, воспоставување на директни контакти и преговори со потенцијални купувачи, обезбедување на корисни информации во однос на пазарните трендови, конкурентноста, технологијата и цените. Средбата ќе овозможи и подобро позиционирање на македонските фирми на меѓународните пазари.

Деловната средба е организирана од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (InvestMacedonia) заедно со Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), Швајцарската програма за промоција (SIPPO) и Текстилно Трговско Здружение на Македонија.