Нови напади во училиште и врз пешаци во САД

Две лица се ранети во најновиот случај на пукање во американско училиште во петокот во сојузната држава Индијанаполис, а три жени се тешко повреди кога возило се втурнало во пешаци во државата Орегон.

Ученик вооружен со два пиштола отворил оган во средно училиште во Индијанаполис, при што ранил еден ученик и еден наставник пред да биде совладан, пренесуваат медиумите. Засега не е соопштена тежината на повредите кај настраданите.

Очевидец рекол дека веројатно би имало уште настрадани доколку еден наставник не го совладал напаѓачот кој извлекол пиштол и започнал да пука додека класот пишувал тест.

Нападот во училиштето Ноблсвил Вест се одиграл околу 9 часот утрото по локално време, изјавил началникот на полицијата Кевин Џоуит на прес-конференција. Додал дека напаѓачот побарал да замине дома, а потоа се вратил вооружен.

Исто така претпладнето во петокот по локално време, засега неидентификувано лице со автомобил во градот Портланд во сојузната држава Орегон влетал во пешачка зона и побегнал, при што три жени се тешко повредени, соопшти управата на градската полиција.

„Лекарите им пружија медицинска помош на три возрасни жени кои претрпеа тешки повреди. Сите три се довезени во болницата со возила на итната помош. На две од жените им се загрозени животите, а третата има сериозни повреди но кои не се животно загрозувачки“, се наведува во објавата на полицијата.

Осомничениот го напуштил местото на настанот во син автомобил „мазда тријбут“. Возилото подоцна е принајдено напуштено неколку блока подалеку од местото на инцидентот.

„Врз основа на достапните информации полицискиот оддел не смета дека населениот е изложено на ризик од кава и да е опасност во врска со овој инцидент“, објавија властите на Портланд без да наведат други поединости.