Нови од 311 заразени и 11 починати во БиХ од коронавирусот

Нови 311 случаи на зараза и 11 смртни случаи како последица на коронавирусот се забележани во четвртокот во Босна и Херцеговина, а на врвот е повторно Сараево.

Според дневните извештаи на ентитетските здравствени власти, во последните 24 часа во Федерација БиХ тестирани се 1.317 примероци, од кои 238 биле позитивни на коронавирусот, додека во Република Српска е откриен 71 случај на заразата. Во Дистриктот Брчко од Covid-19 заболеле две лица.

Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 10 нови смртни случаи како последица на коронавирусот, додека во Република Српска починало едно лице.

Во Сараево, од 81 тестиран примерок во Универзитетскиот клинички центар позитивен бил 71 примерок. Најголем број на заразените има во Жупанијата Сараево – 46 лица.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во БиХ досега се заразила 18.920 лица, починале 582 луѓе, а заздравеле 12.480 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.