Нови одрони заглавија возило на патот М.Каменица – Кочани…

48

Продолжува паѓањето на одрони кај месноста Драките, на потегот од село Истибања до брана Калиманци на регионалниот пат Македонска Каменица – Кочани.

Новите одрони заглавија возило кое поминувало по заобиколната лента која во должина од 300 метри беше изградена од ЈП ,, Македонија пат” за да продолжи сообраќајот на овој патен правец.

Во моментот на местото на настанот полиција врши увид на несреќата и оттаму најавија повеќе детали во текот на денот.

Новите одрони според информации на очевидци го отежнува сообраќајот на овој регионален пат, но засега истиот се одвива по земјениот дел кој е оспособен за движење на возилата.

Од ЈП ,,Македонија пат” апелираат поради дождот да се вози внимателно на овој патен правец и да се внимава и на останати делници поради можни нови одрони.

ИЗВОР: Сител ТВ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.