Нови отпуштања во Twitter на вработените кои модерираат содржини

(AP Photo/Jeff Chiu, File)

Компанијата „Twitter Inc“ спроведе дополнителни намалувања на своите безбедносни тимови вклучени во модерирањето на глобалните содржини и во одделот поврзан со „говор на омраза“ и „вознемирување“, објави во саботата деловната новинска агенција Bloomberg.

Имаше најмалку десетина намалувања во петокот вечерта во канцелариите на компанијата во Даблин и Сингапур, објави Bloomberg News, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Меѓу оние кои беа отпуштени од социјалната платформа купена од Илон Маск се Нур Азхар Бин Ајоб, релативно неодамна ангажиран одговорен за Aзиско-пацифичкиот регион и Аналуиса Домингез, виша директорка за политика на приходите на Twitter, објави агенцијата.

Отпуштени се и работници кои се занимаваат со дезинформации, глобални барања и државни медиуми на Twitter.

Потпретседателката на одделот за доверба и безбедност на Twitter, Ела Ирвинг, потврди за Reuters дека компанијата направила одредени намалувања во петокот вечерта, но не откри детали.

„Имаме илјадници луѓе во безбедносните и доверливите тимови кои работат на модерирање на содржината и нема намалување на тимовите што го прават тоа на дневна основа“, договорила преку електронска пошта.

Некои намалувања, додава таа, се во области недоволно големи за понатамошен развој или каде што има смисла да се консолидираат.

„Twitter“ отпушти приближно 3.700 вработени на почетокот на ноември поради мерките на Маск за намалување на трошоците, а стотици подоцна дадоа отказ. Компанијата, исто така, минатиот месец беше погодена од тужба во која се тврди дека „Twitter Inc“ наводно непропорционално ги таргетирал работничките за време на кастрењата.