Нови пратеници ја напуштија владејачката партија во Турција

Уште неколку пратеници ја напуштија владејачката Партија за правда и развој (ППР), објави електронското издание на весникот „Милиет“.

Откако пратениците од Измир, Ертугрул Гунај и Ердал Капкан и пратеникот од Анкара Халук Јоздалга се изведени пред дисциплинската комисија за исклучување од партијата, откако прво Капкан, а потоа и Јоздалга ја напуштија ППР.

Се очекува тоа да го стори третиот „неподобен“ пратеник Ертугрул Гунај, посочува весникот.