Нови претреси во училишта во Москва поради дојави за бомби

Повеќе од десет училишта во Москва и денеска добија закани за поставени бомби, а извор од службата за вонредни ситуации тврди дека заканите доаѓаат од Украина.

Изворот наведува дека се претресуваат училишта, кои добиле закани за поставени бомби, а учествуваат и специјално обучени кучиња.

– Сите повици од кои се добиени заканите доаѓаат од територијата на Украина, истакнува изворот.

Претходно, во текот на денот 13 московски окружни судови, заедно со Врховниот суд на Русија, биле евакуирани по закани за поставени бомби, а во тек е претрес на три аеродроми – Домодедово, Шереметјево и Жуковски.

Серијата бомбашки закани во Москва започна на 28 ноември. За две недели се извршени претреси во повеќе од 3.000 објекти, а речиси 300.000 луѓе се евакуирани.

Досега сите закани биле лажни.