Нови протести во Ѓорче, улицата блокирана

69

Голема група претежно од млади луѓе попладнево се собраа на улицата Ѓорче Петров во истоимената скопска населба во знак на протест за вчерашното убиство на осуманесетгодишниот Ангел Петковски. Групата, која постојано извикува националистички пароли, ја блокираше улицата и сообраќајот во овој момент е во застој.

Тензичнa е состојбата во Ѓорче Петров од вчера попладне кога деветнаесетгодишно момче до смрт го избоде младиот Петковски во близина на Европската очна болница додека се обидувал да си го врати велосипедот што претходно неговиот убиец го украл од дворот од семејната куќа.

Убиството беше иницијална каписла за низа инциденти и нереди низ населбата. Во текот на изминатата ноќ во Ѓорче се превртуваа и палеа контејнери, превртен беше и еден автомобил, а запалени и демолирани беа повеќе деловни објекти и ресторани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.