Нови рочишта за „Тревник“ и „ТНТ“

Рочишта за предметите „Тревник” и „ТНТ” на СЈО за денеска се закажани во Кривичниот суд во Скопје.

Според СЈО, во случајот „Тревник“ обвинети се новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково. Викендичките биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Во судот за денеска е закажао рочиште и за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.