Нови санкции за 15 руски моќници

Групата на седумте економски најразвиени земји (Г-7) заедно со ЕУ подготвуваат нови санкции за Русија, поради ексалирањето на тензиите во Украина, јавуваат дипломатски извори за „Блумберг“.

Г7 најавиле дека ќе бидат воведени нови санкции за Русија, додека САД и Велика Британија побараа од Владата во Москва да помогне да се ослободат набљудувачите грабнати од бунтовниците во источна Украина.

Претставниците на земјите членки на Европската Унија ќе се сретнат во текот на утрешниот ден, за да ја прошират листата на субјекти на кои ќе им биде замрзнат имотот и ќе добијат забрана за патување.

Конкретно, санкциите ќе ги таргетираат 15-те Руси на моќни позиции.