
Шест македонски возила изгребени со остар предмет се пријавени во саботата вечерта во гратчето Переа, во близина на Солун.
Од нив 3 возила се од Скопје, 2 од Прилеп и 1 возило од Битола, објави ТВ Сител. Сопствениците на возилата не дочекале случајот да го пријават во полиција, а од мештаните биле советувани да ги прекриваат регистрациските таблички.
Тие бараат од македонското МНР да реагира со протестна нота, бидејќи како што велат, не е прв пат да бидат пријавени вакви штети во Грција.
Исто така бараат од нашето МНР да им помогне каде да се обратат во Грција за да им се надмири штетата.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.