Нови шест заразени со коронавирусот во Фиорентина

EPA/CLAUDIO GIOVANNINI

Тројца фудбалери и тројца службеници на Фиорентина се позитивни на коронавирусот, уврдено е со тестирањата спроведени во пресрет на враќањето на тренинзите на тимовите во италијанската Серија А, објави клубот во четвртокот.

Клубот од Фиренца не ги објави имињата на заразените фудбалери кои се ставени во изолација. Со новите три позитивини случаи, бројот на заразените фудбалери во Серија А се искачи на 20.

Тројцата играчи на Фиорентина кои беа позитивни на тестирањата изведен во март, Патрик Кутроне, Герма Пеѕела и Душан Влахович, на тестирањето во вторникот биле негативни.

Клубовите во Серија А оваа седмица ќе започнат со индивидуалните тренинзи, откако изминатите два месеца минаа во карантин. Сите играчи мора да бидат тестирани и мора да ги следат упатствата за безбедност.

Челниците на италијанскиот фудбал дискутираа со медицинските стручњаци за можното враќање на екипните тренинзи на 18-ти мај, а одлуката ќе биде донесена во текот ан следниата седмица, Италијанското првенство беше прекинато на 9-ти март, а до крајот на сезоната останаа уште 12 кола. Можната дата за продолжување на натпреварувањето сѐ уште не е позната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.