Нови случаи на коронавирусот во Серија А

Паоло Дибала, Јувентус

Аргентинскиот напаѓач на италијанскиот фудбалски првак Јувенрус, Паоло Дибала, има коронавирус, потврди репрезентативецот, а истовремено и Милан објави дека една клупската легенда Паоло Малдини и неговиот син Даниел имаат позитивни тестови.

Дибала објави дека е заразена и неговата девојка Ориана Сабатини

„Поздрав на сите, би сакал да ве известам дека ги добивме резултатите за Covid-19 тестот и Ориана и јас сме позитивни. За среќа се чувствуваме одлично“, напиша 16-годишниот аргентински репрезентативец.

Дибала е третиот играч на Јувентис кој има короанвирус, по Даниел Ругани, кој беше и првиот играч во Серија А, и Блез Матуиди.

„Паоло е во изолација од средата и го следи вообичаениот режим. Добро е и без симптоми“, соопштија од торинската „Стара дама“.

Откако е откриено дека тројца фудбалери на Јувентус имаат коронавирус, италијанските медиумипрашуваат како челниците на клубот им дозволиле на Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ, Даглас Кошта и Сами Кедира да ја напуштат земјата пред да истече периодот од 14 дена во карантин.

Кризата со Коронавирусот кулминира во Италија, а и се поголем број на спортисти се зафатени со опасната епидемија, па вечерва и Милан објави дека Паоло Малдини и неговиот син Даниел имаат позитивни тестови.

„Паоло Малдини и неговиот син Даниел имаат Коронавирус. Тие се во добра состојба и веќе две седмици со во изолација, според медицинскиот протокол. Ќе го продолжат карантинот со потполно закрепнување“, објави фудбалскиот клуб Милан на својата интернет страница.

Педесет и едногодишниот Паоло Малдини, петкратен победник во Лигата на шампионтие, е технички директор во Милан клубот во кој ја мина целата кариера и сѐ уште е најмладиот играч со 16 години и 208 дена кој дебитирал на првенствен нме во историјата на клубот и лигата.

Неговиот син 17-годишниот Даниел е третото поколение кое настапува за италијанскиот гигант. Малдини помладиот својот прв настап за Милан го имаше во јули 2019 година на ревијалниот натпревар против минхенски Баерн на американската турнеја, а на првиот официјален првенствен настап мораше да чека до годинава, а го дочека на почетокот од февруари на мечот меѓу Милан и Верона (1:1).

Чезаре Малдини, кој почина во 2006 година на 84-годишна возраст, играше за Милан од 1954 до 1966 година, впишувајќи 400 настапи, а во два наврата беше и тренер на клубот. Како играч освои четири „скудета“, и една европска титула, додека како тренер го освои негогашниот европски Куп на победниците на куповите и италијанскиот куп.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.