Нови случаи на заразени со коронавирус во Косово

Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави вечерва дека во земјата се откриени два нови случаи на лица заразени со вирусот Ковид-19, по што официјалната бројка на носители на новиот коронавирус сега изнесува 63, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на ИШПК, станува збор за две жени, една 25-годишна жителка на село во општина Гњилане и 73-годишница од село во општина Вучитрн.

Обата нови случаи се заразени од контакт со лица кои од порано биле дијагостисицирани како носители на смртоносниот вирус.

Во текот на денешниот ден во лабораторијата за молекуларна миробиологија на ИШПК се испитани вкушно 42 примероци од лица за кои постоело сомневање дека се заразени од Ковид-19, поради контакт со претходно потврдени носители на вирусот.