Нови субвенции за чистење на оџаци

100

Нови субвенции за чистење на оџаци Градот Скопје ќе продолжи да дава субвенции на сите кои ќе ги исчистат оџаците на домовите и деловните објекти и на тој начин ќе придонесат за почист воздух. Градските власти објавија новиот повик со кој ќе надоместуваат дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари.

Јавниот повик трае до крајот на ноември  и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно додека не се потрошат средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.