Нови судири во Јемен по договорот за примирје

Судири ибувнаа во предградието на јеменското пристаниште Худејдах во петокот, само ден откако беше постигнато примирје меѓу завојуваните страни на мировните преговори под покровителство на Обединетите нации, јавуваат агенциите повикувајќи се на локалното население.

Жител рекол за агенцијата Reuters дека слушнал звуци од проектили и автоматско оружје во насока на истиочниот кварт во пристанишниот град кој го контролираат шиитските бунтовници Хути, а пред чиишто преградија се групирани сили предводени од сунитската коалиција на чеко со Саудиска Арабија кои ја поддржуваат владата на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади.

Двете завојувани страни договорија прекин на судирите во градот на Црвеното Море и повлекување на своите сили по една седмица консултации во Шведска. Ова е првото главно постигнување на мировните преговори на ОН за да се создаде простор за политичките преговори со кои ќе се дојде до прекин на четиригодишната војна во која загинаа десетина илјади луѓе, во поголем дел цивили и деца, и која го втурна Јемен на работ од незапаметена хуманитарна катастрофа.

Специјалниот пратеник на ОН за Јемен, Мартин Фрифитс, изјави на крајот од преговорите дека двете страни „за неколку дена“ ќе ги повлечат своите сили од стратешкото пристаниште за тамошното население на коешто му се заканува глад, и потоа ќе се повлечат сосема од градот. Меѓународните набљудувачи ќе бидат распоредени, а спротиставените сили ќе ги повлечат своите единици целосно во рок од 21 ден. Грифитс пред Советот за безбедност во ОН во петокот рече дека во Ходејдах е потребен „робусен режим“ за следење на примирјето. Таквата задача треба да има поддршка до Советот за безбедност преку резолуција.