Нови судири во Украина, има и жртви

108

Украинските сили убиле тројца, а раниле 13 напаѓачи во базата во Мариупољ, на југоисток во земјата, соопштил министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков.

Аваков на својата ФБ страница исто така навел дека 63 лица се приведени. Тој напишал и дека нападот се случил во текот на ноќтта и дека во него учествувале 300 лица вооружени со пушки и молотови коктели. Исто така, посочил дека ниту еден припадник на украинските сили не бил ранет во тој напад.

Оваа вест стигнува само неколку часа откако е објавено дека тројца демонстранти се ранети во Краматорск, кога украински војници пукале на нив од пешадиско борбено возило.

За потсетување, новоформираната прозападно ориентирана власт во Киев почна антитерористичка акција во источна Украина, каде што неколку градови се по контрола на прорускоориентирани демонстранти. Народна република најпрво е прогласена во Донјецк, а потоа и во другите градови. Заземени се бројни згради на локална администрација, полиција, поставени се барикади…

Демонстрантите од истокот, кои традиционално се свртени кон Русија, бараат припојување кон Русија, за што официјален Киев смета дека е недозволиво и ја обвинува Русија дека стои зад сепаратистичките аспирации на истокот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.