Нови три пожара на грчкиот остров Закинтос

Пожарникарите и во понеделникот утрото се борат против пожарот што избувна во саботата во селото Мариес, на островот Закинтос.

Во областа работат 150 пожарникари со 53 возила, четири хеликоптери и пет авиони.

Во меѓувреме, во источниот дел на островот избувнаа три нови пожари за кои локалните власти се сомнаваат дека се подметнати.