Нови три случаи на заболени од МЕРС во Јужна Кореа

Нови три случаи на заболени од МЕРС во Јужна Кореа

По оптимистичките најави дека епидемијата од смртоносната вирусна зараза МЕРС стивнала, здравствените власти во Јужна Кореја соопштија дека нема причина за опуштање, бидејки денеска се регистрирани три нови заболени лица.

Сите тројца се медицински работници, од кои двајцата се од елитната болница на „Самсунг“ во Сеул. Во оваа болница почна ширењето на епидемијата на опасната болест, а од до сега регистрираните 169 заразени, над 80 биле нападнати од вирусот токму во болницата „Самсунг“.

Во петокот и саботата од болниците се отпуштени како оздравени седумина пациенти, со што вкупната бројка на тие што се спасиле се зголеми на 43. До сега, на болеста, што започна да се шири на 20 мај, починаа 24 лица.

Се намали и бројката на сомнителните случаи на лица што се под карантин. Од вкупно 6.700 случаи што беа под надзор до минатата среда, денеска под карантин се наоѓаат 4.035 жители на Сеул и блиските градови.

Повеќето од училиштата и градинките, што беа затворени три недели, од утре ќе ја обноват наставата. Останува бројка од 120 училишни останови, најмногу во Сеул, во кои наставата се одложува и натаму.