Новицки уште една сезона во „Маверикс“

Легендата на „Далас Маверикс“, Дирк Новицки наскоро ќе потпише нов едногодишен договор вреден 5 милиони долари.

Тимот од Тексас предводен од феноменалниот Германец во 2011 година ја освои првата и досега единствената титула НБА шампион. Бидејќи Новицки е играч без кој оваа франшиза не може да го замисли својот состав, Германецот ќе ја продолжи соработката со клубот од Тексас за уште една, 20-та сезона.

Овој 40-годишен кошаркар ќе потпише договор вреден 5 милиони долари токму толку колку што остана во селери капот. Сезоната 2018/2019. би можела да биде последна во богатата кариера на германскиот центар, а тој исто така имаше разбирање за тимот, па едно време беше дури и слободен агент, со цел „Меверикси“ да го стокмат буџетот за следната сезона.
Во 20 сезони за „Маверикс“, Новицки постигна 31.187 поени и моментално е шести стрелец во историјата на НБА лигата. Пред него се наоѓаат само Карим Абдул Џабар, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Карл Мелоун и Вилт Чемберлен.

Минатата сезона, Дирк постигаше 12 поени по средба во просек, а во април имаше помала операција на левиот скочен зглоб.