Новинари доброволно се нудат да ја урнат дивоградбата кај Мавровка

144

Повеќе новинари синоќа се пријавија да ја уриваат дивоградбата кај трговскиот центрар Мавровка, на повикот на поранешниот уредник на Телма, Дарко Чекеровски. Тој прв се понуди да ја сруши дивоградбата кога веќе институциите не можат.

„Јас се пријавувам за рушење на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша на Фејсбук, Чекеровски.

„Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта“, напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.

По Чекеровски и Чанчаревиќ, се пријавија и спортскиот новинар Златко Крстевски, потоа Томислав Кежаровски, екс претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а помош понуди и Наташа Стојановска.

Инаку, откако истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата, општината Чаир објави тендер за избор на фирма која ќе ја отстрани истата. Но, ниту една фирма не се пријавила на тендерот за рушење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.