Новинарите цел на напади од сите страни на протестите во САД

Новинарите во повеќе американски градови биле цеч на напади и од полицијата и демонстрантиет кои ги тепале, апселе и пукале врз нив на протестите кои се шират цела седмица поради полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Медиумите најчесто пренесуваа снимка на која полицијата го приведеува новинарот на CNN, Оамар Хименез во лисици во директен пренос во Минеаполис во петокот утрото, но го ослободи по еден час.

Следеа уште неколку инциденти, како онок во Луисвил, во Кентаки, каде што припадник на интервентната полиција истрела солзавец кон екипа на локалната телевизија. „Пукај на мене“, го предизвика Кејтолн Раст, која работи за мрежата WAVE 3.

Во Минеаполис новинарката Линда Тирадо била погодена во лице со гумен куршум поради што не гледа на едното око. Претходно во истиот град беше јавено дека двајца соработници на агенцијата Reuters, исто така, биле погодени со гумени куршуми од безбедносните сили снимателот Хулио-Сезад Чавез и советникот за безбедност на Reuters, Родни Севард.

„Властите (локални) мора да им наредат на своите сили за спроведување на редот да не ги напаѓаат новинарите“, предупреди Комитетот за заштита на новинарите.

Медиумските работници се напаѓани и од демонстрантите. Во Питсбург фоторепортерот Јан Смит е претепан пред да се вмешаат други учесници на протестот.

Во Атланта, седиштето на телевизиската мрежа CNN во петокот го нападна група од повеќе десетици луѓе кои во холот во кој било полициско обезбедување фрлиле звучна бомба. Во саботата демонстрантите го нападнаа новинарот на мрежата Fox News кој известуваше од пред Белата куќа, кој се обиде да побегне пред да напаѓачите да ги растера полицијата.

„Ако учествувате на протестите, правете го тоа што ви се чини исправно, но не нѐ попречувајте во нашата јавна работа“, апелирате Здружението на новинарите.

Американскиот претседате Доналд Трамп ја ретвитна објава во која напиша „Иронија на судбината, седиштетот на CNN го нападнаа демонстрантите кои (мрежата) ги опишуваше како фини и добри. Леле!“.

Четириесет и шесгодишниот афроамериканец Џорџ Флојд почина во понеделникот во Минеаполис откако бел полицаец при апсење со колено му го притискал вратот, а снимката од апсењето поттикна бран протести против полициската бруталност врз црната заедница во САД.