Новинарите на BBC ја критикуваат корпорацијата за двојни страндарди при известувањето за конфликтот во Газа

Новинарите на британската радио-телевизиска корпорација BBC обвунуваат за пристрасност и двојни стандарди при известувањето за палестинско-израелскиот конфликт, пренесува панарапската катарска телевизија Al Jazeera, повикувајќи се на допис од вработените во британскиот јавен сервис кои сакале да останам анономни.

„BBC не успеа веродостојно да ја раскаже оваа историка поради пропусти и отсуство на критички приод кон израелските изјави и затоа не успеа да ѝ помогне на јавноста да ги осознае прекршувањата на човековите права што се случуваат во Појасот Газа“, го цитира Al Jazeera дописот потпишан од осум новинари на бртинксата радиодифузна корпорација.

Во писмото новинарите наведуваат дека можат да ги користат само термините „масакр“ и „злосторство“ во сториите за за палестинското исламистички движење Хамас „прикажувајќи ја групацијата како единствен виновник за насилствата во регионот“.

Покрај тоа, новинарите сметаат дека нападот без преседан на Хамас од 7-ми октомври во јужен Израел кога беа убиени 1.200 лица, од кои најмалку 900 цивили на различни возрасти од деца, жени и стари лица а беа земени во заложништво околу 250 луѓе, не го оправдува убивањето на илјадниците цивили во Појасот Газа.

Во писмото се наведува дека британската медиумска корпорација често известува за загубите и маките на израелските семејства, а речиси никогаш за палестинските. Притоа, имало само неколку поединечни примери со покривање на сториите на вторите, признаваат медиумите.

Од друга страна, портпаролот на BBC ги отфрли сите обвинувања и рече дека корпорацијата останува една од ретките чии дописници се во Појасот Газа и можат да известуваат за тоа што се случува во палестинската енклава. Тој, исто така, тврди дека компанијата претставила многу палестински приказни и дала сведоштвва од цивили, лекари и хуманитарни организации.

Во писмото од 2.300 зборови, напишано до Al Jazeera од осум новинари со седиште во Обединетото Кралство, вработени во корпорацијата, се вели дека BBC е виновен за „двоен стандард во односот кон цивилите“, имајќи предвид дека куќата била „непоколеблива“ во известувањето. за наводните руски воени злосторства во Украина.

Плашејќи се од одмазда, новинарите побарале  анонимност. Групата не планира да испрати писмо до директорите на BBC, бидејќи не верува дека таквиот потег може да доведе до значајни дискусии.

Тие го испратиле писмото до Al Jazeera по ескалацијата на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа. Во моментот на пишување, повеќе од 14.500 Палестинци, меѓу кои најмалку 6.000 деца, се убиени во израелските бомбардирања.

„BBC не успеа точно да ја објави оваа приказна – поради пропусти и недостаток од критички ангажман кога станува збор за израелските тврдења – и затоа не успеа да ѝ помогне на јавноста да се вклучи и да ги разбере прекршувањата на човековите права што се случуваат во Газа. Илјадници Палестинци беа убиени по 7 октомври. Кога таа бројка ќе биде доволно висока за да се смени нашата уредничка позиција?“, се наведувва во писмото.

Групите за човекови права и стотици илјади демонстранти ширум светот, огорчени од големиот број палестински жртви во Газа, повикаа на прекин на огнот.

Новинарите на BBC за Al Jazeera изјавија дека на платформите на британската радиодифузна корпорација (BBC), термините како „масакр“ и „злосторство“ се резервирани „само за Хамас“, претставувајќи ја палестинската организација како единствен поттикнувач и извршител на насилство во регионот. „Тоа не е точно, но е во согласност со целокупното покривање на ВВC“, истакнуваат пновинарите.

Нападот на Хамас, иако „ужасен и разорен… не го оправдува неселективното убивање на илјадници палестински цивили, но BBC не смее да си дозволи да биде медиум кој ја поддржува – или не ја испитува – логиката што го оправдува тоа“, се вели во нивното писмо.

„Бараме од BBC да размисли повеќе и да ги почитува наодите засновани на докази на официјалните и непристрасни хуманитарни организации“, се додава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.