13.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Новинарот Љупчо Златев повикан на распит во полиција

Новинарот Љупчо Златев бил повикан на распит во полиција.

-Наместо да го гони криминалот, полицијата одлучи да ги гони оние кои го откриваат криминалот. МВР ме повика на распит затоа што како одговорен уредник на Економски Лидер ја објавив снимката на која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендери и провизии. Распитот ќе се обави утре, откри Златев на својот Фејсбук профил.

Тој, порача дека нема да дозволи да го замолчат.