11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Новинарот за кој Дудуш се закани со тужба, најавува нова аудио ‘бомба’

Во  медиумите во петокот вечерта беше објавена аудио снимка за која се тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопско Шуто Оризари, Курто Дудуш, од владејачката СДСМ,  како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа, а откако Дудуш најави тужба, новинарот Љупчо Златев најави нова БОМБА, којашто че биде објавена на страницата на Лидер во текот на денот

Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, во реакција до медиумите најави пријава за објавената аудиоснимка. Тврди дека се работи за монтирана снимка од осуденик и ако била вистинита ќе бил со повреди а за тоа ќе се водел случај.

Иначе, за Курто Дудуш и неговото тепање на човек во кабинетот, свиркачот денес ми даде уште едно аудио.
Ова трае цели 18 минути!
Ќе го гледате многу скоро, да го преведеме прво, напиша потоа Златев на Фејсбук.