Новинарски екипи го чекаат Груевски пред Шутка

Новинарски екипи од речиси сите македонски медиуми  пред затворот во Шутка се во исчекување на поранешниот премир Никола Груевски откако попладнево Кривичниот совет ја одби неговата последна жалба, пренесува во петокот вечерта телевизијата Сител
Нема официјални информации дали одлуката е испратена до Груевски, но неофицијално, досега се направени два обида, а вечерва ќе биде и направен трет. Постојат шпекулации според кои одлуката на поранешниот премиер ќе му биде врачена во понеделник, кога треба да се појави на рочиштето за случајот „Титаник“. Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот „мерцедес“.
Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.
Собранието на Република Македонија претходно во петокот не му го одзема пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.