Новиот бугарски селектор смени 14 играчи во тимот пред мечот со Македонија

Бугарскиот селектор Младен Крстајиќ го објави списокот на повикани фудбалери за септемвриските натпревари во Лига на нации. Бугарија ќе се судри со Гибралтар, па ќе гостува во Скопје кај Македонија на крајот на септември.

Циклусот во ова натпреварување го почна Јасен Петров, па откако замина на клупата седна Георги Иванов. Сега наследник ќе биде поранешниот српски селектор, Крстајиќ, кој го објави првиот список на играчи. Новиот предводник на Бугарија направи дури четиринаесет измени во однос на претходните списоци, а има и осум дебитанти.

Повикани репрезентативци на Бугарија:

Голмани: Даниел Наумов (ЦСКА 1948), Светослав Вутсов (Славиа), Иван Диулгеров (Черноморе)

Одбрана: Валентин Антов (Монца), Петко Христов (Специја), Пламен Галабов (Макаби Нетања), Христијан Петров (ЦСКА Софија), Виктор Попов (Черноморе), Иван Турицов (ЦСКА Софија), Антон Неделков (Лудогорец), Матео Стаматов (Оренбург)

Средина: Илија Груев (Вердер), Иван Јорданов (Лудогорец), Јанис Карабељов (Кишварда), Филип Крастев (Левски), Илијан Стефанов (Левски), Никола Илиев (Интер), Јоан Стојанов (Хапоел Бер Шева)

Напад: Марин Петков (Левски), Георги Русев (ЦСКА 1948), Кирил Десподов (Лудогорец), Радослав Кирилов (ЦСКА 1948), Мартин Минчев (Спарта Прага)

Бугарија на 26 септември доаѓа на арената „Тодор Проески“ за дуелот против Македонија, а три дена претходно ќе го дочека Гибралтар.