Новиот директор на Отропедија договорен помеѓу СДСМ и ДУИ?

Причината за оставка на првиот човек кој раководеше со клиниката за ортопедија Доц. Д-р Виктор Камнар е поради коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ, објави Курир.

На негово место доаѓа Д-р Далип Јахја.

Со коалицискиот договор и пазар на власта уште еднаш се докажа дека наместо најдобрите стручњаци во Македонија да раководат со клиниките, се ставаат директори по ранг на коалициски договор помеѓу СДСМ и ДУИ.

Инаку Камнар раководеше со оваа установа повеќе од три години и за тоа време успеа на операционите сали да им даде нов лик, односно, по повеќе децении беше реновиран хирурршкиот блок на ортопедија.