Новиот Директор на Водовод контра Арсовска, комисијата за пречистителната станица не се менува, нејасно е зошто Перински беше разрешен на кого Арсовска му наложи промени во комисијата

Обвинители и припадници на Финансиската полиција од вчера се влезени во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – потврди за Плусинфо новоименуваниот директор на претпријатието Марјанчо Митовски.

– Да, обвинителите беа тука, имавме состанок, тоа беше првично, но ништо конкретно не е преземено. Овие што беа од финансиска полиција и од МВР, најверојано по допрен глас, зашто во медиумите тоа се објавуваше, беа тука во врска со тендерот за дизајн и изработка на Пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје. Немаа други цели, само за тој тендер се интересираа – вели директорот Митовски.

За тој тендер, кој беше во фокусот на конфликтот со неговиот претходник, новиот директор Митовски вели дека непречено си тече. На прашање дали ќе се менува составот на Комитетот за евалуација на понудите на тендерот, Митовски вели „досега нема измени, а не сме размислувале за такво нешто“.

– Тендерот си тече и не е ни спречен. Во тек е евалуација и тука не се мешаме. Јас како директор не влијаам дали тендерот ќе продолжи да се евалуира, а сега се евалуира, не е прекината постапката. Само беа луѓето од Министерство за внатрешни работи за да добијат информации, постапката не е прекината, а тие понатаму ќе прават анализи и стратегија, како и што ќе се постапува, и не е ништо прекинато – рече Митовски.

Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, за емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 рече дека од вчера во јавното претпријатие ЈП Водовод и канализација – Скопје се врши проверка на работата од страна на Управата за финансика полиција и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Градоначалничката порача дека со меѓународните тендери треба да се работи внимателно, бидејќи и „порано се работело со странски пари, па сега одат луѓе по судови заради провизии“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.