Новиот Џејмс Бонд во кината во 2019-та

Новиот, 25-ти филм за тајниот агент 007 во службата на Нејзиното ВисочествоЏејмс Бонд, ќе се појави во кината во 20189 година, пишува магазинот Variety кој се повикува на објавата на студијата „Metro-Goldwyn-Mayer“ и „Eon Productions“ објавено на официјалната страница на франшизата.

Според соопштението, новиот фил за „агентот со лиценца за убиство“ ќе биде прикажан на 8 ноември 2019 година во САД, по „традиционалното претходно прикажување во Велика Британија и остатокот од светот“.

Во овој момент неизвесно кој ќе ја толкува улогата на Џејмс Бонд како и името на режисерот, а во објавата се наведува дека поединостите ќе бидат соопштени подоцна. Познати се засега само сценаристите, Нил Парвис и Роберт Вејд, како и на продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи.

Во американските медиуми започнаа шпекулирањата дали Даниел Крејг ќе продолжи во улогата на Агентот 007, кои траат уште од 2015 година, кога беше прикажан последното продолжение од франшизата. Британецот наводно изјавил дека завршил со улогата и дека сака да се посвети на други проект, како и дека одбил 68 милиони фунти за уште да филма во улогата на Бонд.

Но неодамнешните написи укажуваат дека Крејг и натаму ќе го толкува насловниот лик. Неговото враќање е „готова работа“ пишува The New York Times во изданието од понеделникот наведувајќи дека „двајца луѓе за тоа се информирани“.

Премиерата на првиот филм за Џејм Бонд „Доктор Ноу“ се одржа на 5 октомври 1962 година во Лондон. Во целата историја на оваа франшиза ликот на Агентот 007 го толкуваа само шест актери: Шон Конери, Џорџ Лезенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан, и последниот Даниел Кејг.