Новиот Џејмс Бонд првиот викенд во САД заработил помалку од очекуваното

Најновиот филм од серијалот за тајниот агент во служба на Нејзиното величество „Не е време за умирање“(No Time To Die), заработи на почетокот од прикажувањето во САД 56 милиони долари, што е помалку од очекуваното и укажува дека дури еден од најславните филмски брендови мора да се бори на пазарот кој по пандемијата на коронавирусот претрпи радикални промени.

Според превичните промени, во првите три дена од прикажувањето како што се очекуваше филмот би требало да заработи 60 до 70 милиони долари. Иако заработката до 56 милиони долари не е толку лоша, вкупната заработка во текот на викендот требаше да биде поголема, бидејќи филмот доби добри критики и е последниот филм со Даниел Крег во насловната улога на тајниот агент.

Ваквата заработка на почетокот од прикажувањето за некои филмови би претставувала голем успех, особено во време на пандемија, но „Нема време за умирање“ не е обичен филм. На неговото снимање се потрошени 250 милиони долари, без трошоците за маркетингот кои изнесуваат повеќе од 100 милиони долари. На тоа треба да се додадат и десетиците милиони поради доцнењата, бидејќи филмот требаше да се појави во април 2020 година пред пандемијата да ги наруши плановите.

Специјализираните агенции за филмскиот пазар проценуваат дека филмот само од прикажувањата во светските кино-сали би требало да заработи најмалку 800 милиони долари. Но, кога станува збор за Џејмс Бодн, франшизата има бројни маркетиншки партнери, како „Rolex“, „Aston Martin“ и други големи компании, кои би можеле да ги надоместат загубите.