Синоќа сите очи беа вперени кон Волфсбург – таму Volkswagen го претстави новиот Golf VIII.
Како изгледа дознавме уште во текот на вчерашниот ден. Нема изненадувања – сé е повеќе или помалку очекувано иако значително се разликува од претходникот. Маската е во согласност со најновите трендови на марката, а светлата визуелно поделени и истакнати со ЛЕД-веѓи и подочници.
И задниот дел е дизајнерски фамилијарен, додека внатрешноста е сосема нова. Доминира големиот дигитален кокпит, а исполнетоста со технологиите продолжува и по кожата.
Најзначајна сепак е моторизацијата предводена од точно пет хибридни верзии. Бензинците од 110, 130 и 150 KS имаат 48-волтен благ хибриден систем кој возачот нема ни да го забележи во возењето. Поинтересни се плаг-ин моделите со 204 и 245 KS за GTE верзијата, и двата со батерија од 13 kWh. Од класичните, основниот мотор ќе биде трицилиндричен со 90 и 110 KS без mild-hybrid систем. На врвот на понудата се наоѓа 300-коњскиот TSi, a дизелот е сосема нов и ќе се нуди со 115 и 150 KS.
Продажбата на Golf ќе започне во декември.