Новиот македонски селектор прогласен за најдобар тренер во АБА лигата

Новиот македонски селектор Драган Бајиќ беше избран за најдобар тренер во АБА лигата за оваа сезона, а наградата ја доби на стартот на плеј-офот, пред дуелот против Црвена Звезда во Белград

Во изборот во кој учествуваа тренерите, новинарите и фановите стратегот на Игокеа ја победи конкуренцијата и на клупата на Македонија ќе дебитира со признание за најдобар тренер на сезоната во регионалното натпреварување.

Новиот македонски селектор доби 63 отсто од вкупниот број гласови во традиционалното гласање кое го реализира менаџментот на АБА лигата.