Новиот пораз ја продлабочи кризата на Монако

Во првиот натпревар од осмото коло на францускот фудбалско првенство Сен Етјен пред своите навивачи го победи Монако со 2:0 (1:0), и ја продлабочи кризата на клубот од Кнежевството, за кој ова е веќе петти првенствен пораз.

Тунижанецот Казри Ваби беше стрелец на двата погодока за домашните, првиот во 41, а вториот во 54 минута. Одри друга страна, гостинските фудбалери создаваа шанси но и беа непрецизни, во што предничеше Колумбиеот Радамел Фалкао.

Сен Етјен привремено се искачи на второто место со 15 бодови. Во убедливо водство е актуелниот шампион Пари Сен Жермен со 21 бод. Монако со шест бодови е на 18-то место, а зад него се уште само Нант со пет и Гинган со еден бод и натпревар помалку.

Монако веќе седум натпревари не знае за победа во францускиот шампионар, а беше поразен и во првото коло од Лигата на шампионите на домашен терен од Атлетико Мадрид. Во среда во континенталното натпреварување Монако ќе гостува кај Борусија од Дортмунд.

Во француското првенство во сабота ќе играат Ница – ПСЖ, Анжер – Гинган, Каен – Амјен, Лион – Нант, Ремс – Бордо и Стразбур – Дижон. Во недела играат Рен – Тулуз, Монпелје – Нимс и Лил – Марсеј.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.